Графикони: Власта на СДСМ УКРАЛА 18 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД 2016

3.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Графикони: Власта на СДСМ УКРАЛА 18 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД 2016

Од 509.907.569 денари штета преку 94 кривични дела во 2015 година до 9.315.337.006 денари штета врз буџетот преку 122 кривични дела во 2019 година. Пресекот кој е прикажан на графиконот ги опфаќа последните две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и трите години власт на СДСМ. Од него јасно се гледа дека во 2016 година е регистрирана најниска стапка на финансиски криминал, а веќе следната година штетата на буџетот драстично се зголемува повеќе од двојно и нагорниот тренд го одржува и во наредните две години.

Коалицијата „Сите за правично судење“ објави податоци од Управата за финансиска полиција, кои укажуваат на тоа дека причинетата материјална штета врз буџетот на Република Македонија поврзана со финансискиот криминал била највисока во 2019 година. Стапката на финансиски криминал минатата година била 18 пати повисока отколку пред четири години.

Според истите податоци, во периодот од 2015 до 2019 година најголем пораст кај кривичните дела од областа на финансиски криминал се забележува кај кривичното дело Даночно затајување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата