Карлеуша скапо ќе ја чини! Цеца открила што се случувало во судницата! Јелена изнела низа навреди, се чека судска одлука

2.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карлеуша скапо ќе ја чини! Цеца открила што се случувало во судницата! Јелена изнела низа навреди, се чека судска одлука

Во Палата на правда денес се одржало судење на Светлана Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша. Пејачките се судат поради повреда на честа и угледот бидејќи Карлеуша и рекла на Ражнатовиќ, меѓу другото дека е глупава.

Цеца се појавила во придружба на адвокат, а Јелена не дошла. По излегување од судница, пејачката открила што се случувало во неа.

- Тепачка, хаос, лудило... Ма дајте ве молам. Ништо не се случуваше, под маскиве е беше феноменално. Таа не се појави, секако – рекла Цеца. Потоа се огласил адвокатот на Ражнатовиќ кој објаснил што ќе се случува понатаму.

- Не знаеме, тоа е прашање за неа. Судењето е завршено во првоистепена. Судијата ќе донесе одлука во отсуство на уредно повиканата, која не се јавила...

- Јас дадов изјава, понатаму судот носи одлука. Неможе повеќе вака да се одолговлекува. Процесот трае од 2017 година, а сега е 2020. Доаѓам на секое рочиште, ова навистина нема смисла – порачала Цеца Ражнатговиќ. На прашање за породувањето на Богдана Ражнатовиќ, кое ќе се случи за неколку дена, Цеца не сакала да дава одговори.

- Не одговарам на тие прашања. Ако почнам, готова сум – признала и се упатила кон автомобилот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата