Во Бутел инклузивно игралиште за деца со и без попреченост

2.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Бутел инклузивно игралиште за деца со и без попреченост

Инклузивното игралиште во дворот на ОУ „Живко Брајковски“, кое Град Скопје го направи во соработка со Општина Бутел, денеска го пушти во употреба скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Пред десетина дена во Општина Бутел отворавме сензорска соба, а денеска го пуштаме во употреба инклузивното игралиште чиишто реквизити се соодветни за користење од децата со и без попреченост“, нагласи Шилегов.

Игралиштето се простира на површина од 720 квадратни метри и е инвестиција вредна околу 3.900.000 денари дадени од Градот, а партерното уредување од околу 1.500.000 денари го обезбедила Општина Бутел.

„Ги охрабрувам и градоначалниците на другите општини да влегуваме во вакви заеднички реализации на проекти коишто се битни и покажуваат дека секој во нашиот град е важен“, рече Шилегов кој потесети дека исто инклузивно игралиште Град Скопје направи и во Карпош, а тоа беше пуштено во употреба претходниот викенд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата