Спасовски негативен на коронавирус

1.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасовски негативен на коронавирус

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, објави дека резултатите од тестот за коронавирус се негативни.

„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација.

На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, објави Спасовски на „Фејсбук“.

Спасовски направи тест за Ковид-19 откако вчера беше во Куманово заедно со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која денеска објави дека е заразена со коронавирусот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата