ГРК Охрид не мирува, продолжува со создавање на тимот за новата сезона, во која постои можност да бидат дел од квалификациите во Лига Европа. Добро е познато дека клубот на својата официјална страница пред неколку дена потврди дека ќе побараат вајлд-карта за настап во Европа.

Најново од Охрид е продолжувањето на соработката со Бобан Блажески, кој потпиша нов едногодишен договор.