Вардар во новата сезона ќе има нов спортски директор. Едуард Кокшаров заминува во историјата на македонскиот тим, неговото место ќе биде потполнето откако старо-новиот газда, Михајло Михајловски го комплетира составот и ја постави конечната финансиска структура.

Оваа информација за СПОРТМЕДИА ја потврди Михајловски.

„Кокшаров нема да биде спортски директор на Вардар. Засега не размислувам за неговата замена, најважно е да ги решиме проблематичните позиции и секако да ги завршам преговорите со дел од спонзорите. Но, она што е сигурно дека на местото на спортски директор ќе застане личност која е долго време во овој спорт, има многу придонесено и која има одлични организаториски способности“, ни изјави Михајловски.

Кокшаров покрај тоа што беше спортски директор, тој оваа сезона имаше неуспешен обид како тренер.