Романската тенисерка Александра Каданту, пред осум години „налета“ на славната Серена Вилијамс на Грен слемот во Мелбурн, и по завршувањето на мечот влегла во соблекувалната на Американката. А, таму Серена потполно гола.

„Тоа беше мојот прв Грен слем турнир. Играв во Мелбурн и беше посебно доживување. Но, тој турнир го паметам затоа што за прв пат ја сретнав Серена Вилијамс. Влегов во соблеквуалната и ја видов гола. Изгледаше неверојатно, се шокирав, и веднаш се прашав како е можно да игра на такво ниво со толкави гради“, рече Каданту.

Но, Каданту не се прослави во Светот на тенисот. Има 30 години и моментално е 290 на АТП листата.