Иран ќе продолжи да испраќа нафта во Венецуела ако тоа го побара владата на Мадуро

1.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран ќе продолжи да испраќа нафта во Венецуела ако тоа го побара владата на Мадуро

Техеран е подготвен да ја продолжи испораката на гориво во од криза погодената Венецуела ако нејзината влада побара тоа, рече иранското Министерство за надворешни работи, додека иранската танкерска флотила го растовара својот товар во пристаништата на Каракас, пренесува ИРНА.

„Исламската Република ги практикува своите права за слободна трговија со Венецуела и подготвени сме да испратиме повеќе танкери ако Каракас бара повеќе испораки на нафта од Иран“, изјави Абас Мусави, портпарол на иранското МНР.

Петтиот танкер со нафта влезе во водите на Венецуела во неделата со последната пратка од повеќе од 1,5 милиони барели нафта од Иран. Двете нации се соочуваат со строги санкции од САД.

Вашингтон претходно предупредуваше никој да не ѝ помогне на иранската флота да дојде до Венецуела. Иако Белата куќа не кажа експлицитно дека има намера да ги пресретне танкерите, Венецуела претходно предупреди дека бродовите може да се соочат со закана од непосредна употреба на воена сила од страна на САД.

Техеран предупреди за какво било попречување на танкерите, предупредувајќи дека тоа ќе значи пиратство и голема опасност за меѓународниот мир и безбедност.

И покрај тоа што Венецуела има огромни резерви на нафта, нејзиниот капацитет за рафинирање  е ограничен, а нејзината енергетска криза се влоши поради санкциите од САД. Ограничувањата доведоа до болен удар врз нафтениот сектор во земјата кој има најголем удел во приходите од буџетот.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата