Првиот натпревар со публика на стадионите во Србија ќе биде дуелот во полуфиналето од Купот помеѓу Инџија и Црвена Звезда.

Стадионот е со капацитет од 4.000 места, но на трибините ќе може да присуствуваат максимум 1.000 лица, согласно препораките од здравствените власти.

И покрај тоа што нема да биде исполнет, домашниот тим се надева на сензација и пласман во големото финале, со тоа што ќе го елиминира актуелниот и иден првак од Купот.