Ракометната федерација на Македонија денеска пријави три екипи од Македонија како дел од Лигата на шампионите за следната сезона. Рокот предвиден за пријава беше испочитуван и по договорот од последниот собир на Управниот одбор, за следната сезона Вардар како најдоброрангиран тим во машка конкуренција е пријавен во ЛШ.

РФМ побара и „валјд карта“ за учество во елитата за Еурфарм Пелистер. Сега е на ЕХФ редот да види дали битолчани ќе добијат шанса да бидат дел од елитното друштво следната сезона. Одлуката за нивното барање ќе биде позната за десетина дена.

Македонија годинава одново има кандидат за настап во женската Лига на шампиони. Откако Металург се откажа од правото да аплицира, Куманово се пријави тим за настап во ЛШ.