Легендарниот италијански централен дефанзивец, Алесандро Костакурта, поранешен дефанзивец на Милан, откри каков бил неговиот прв дуел со Лео Меси. Тоа се случи кога Меси настапи за Барселона на само 16 години и ги правеше првите чекори во Барса.

„Со Меси се сретнав и соочив за првпат кога имаше само 16 години. Отпрвин го гледав како дете и мислев дека лесно ќе се справам. После 15 минути морав да го замолам Анчелоти да ме замени”, призна Костакурта.

За вечната споредба меѓу Лео и Диего Армандо Марадона, Костакурта вели:

„Двајцата се слични заради нивниот генијален ум и начинот на кој се изразуваат на теренот, но Меси е поголем генијалец од Марадона“.