Германскиот шампион Баерн Минхен најверојатно нема да направи ниту еден нов трансфер во текот на ова лето. Ова го најави новиот извршен директор на клубот, Оливер Кан. Причината за ова е ситуацијата со пандемијата на коронавирусот и економската состојба во светот.

„За време на пандемијата, сите видовме колку е ранлив системот во професионалниот фудбал. Мислам дека многу европски клубови се загрижени за ситуацијата. Потребно е да се надминат многу работи сега, а пазарот на трансфери повторно треба да профункционира, ако успее воопшто ова лето. Скептичен сум“, изјавил Кан.

На прашањето дали Баерн ќе купува играчи, Кан одговори: „Тоа е опција за нас, но не знам“.