Спортскиот директор Фисник Нухи е еден од заразените од коронавирус во таборот на ФК Ренова. Тој е еден од петтмината кои вчера на тестот беа позитивни. Тројца се фудбалери, еден е економ и самиот Нухи.

“Да, јас сум еден од тие што се позитивни на Ковид-19 во Ренова. Секако дека сум изолиран и сега нема никаков контакт со преостанатите лица од ФК Ренова“ за СПОРТМЕДИА самиот Нухи.

Инаку Фисник Нухи е вистинска легенда на клубот, беше долгогодишен капитен на “гипсарите“. Со него се врзани си најголеми успеси на Ренова. По завршувањето на фудбалската кариера, лани во јуни, тој остана во клубот и беше назначен за спортски директор.