Конфликтот меѓу контроверзниот фудбалер Марио Балотели и Бреша оди кон правна разрешница. Двете страни ангажираа адвокати, а случајот би можел да оди на суд.

Играчот бара да биде вратен во тимот или да му се исплати значителен надомест согласно договорот. Во исто време Бреша веќе крена раце од Балотели, и веројатно ќе му го прекине договорот на крајот од сезоната.

За 29-годишниот Италијанец веројатно се интересираат Галатасарај, и бразилските Васко да Гама, Фламенго и Ботафого. Договорот му истекува во 2022 година, но многу веројатно е дека веќе во оваа ќе си замине од тимот.