Дени Илиев, нашиот репрезентативен голман во голем стил го започна доигрувањето или рестартот во полската Екстра класа лига. Тој вчера блескаше на голот на Јагиелонија, беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим на гости кај силната Краковија со 1:0.

Па затоа Илиев е во тимот на 27.коло во првенството на Полска, секако дека ова е голема работа за нашиот млад голман од кого допрва се очекуваат блескави настапи, како во својот клуб така и во репрезентацијата.