Началникот на АНБ во Битола СЕ ПОКАЖА КАКО ПАРТИСКИ ШЕФ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ (ВИДЕО)

31.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Началникот на АНБ во Битола СЕ ПОКАЖА КАКО ПАРТИСКИ ШЕФ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ (ВИДЕО)

Златко Николовски, началник на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во улога на партиски шеф на обезбедување влегува во вербална расправија и се обидува да го одземе транспарентот на членови на УМС ВМРО ДПМНЕ од Битола.

По најава на статичното обезбедување на СДСМ дека членови на помладокот на опозициската партија се ближат до местото каде што Радмила Шеќеринска требаше да држи говор. Началникот на АНБ во Битола, Златко Николовски, ја презема работата во свои раце и ги запира членовите на УМС.

Иако знаејќи дека нема овластување тоа да го прави и откако му е предочено дека не смее да им ги одзема транспарентите, напомош доаѓа полицаец, и ги евидентира членовите на УМС.

Извор: Нетпрес

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата