25-годишниот Дајбер Франс Роман Гузман е првиот фудбалер кој починал од коронавирус во светот. Боловиецот кој настапуваше за второлигашот Универзитет Тринидан ја изгуби битката со КОВИД-19 после неколку недели поминати во болница. Да биде трагедијата поголема претходно од коронавирус починале и неговиот татко Белизаро Роман инаку поранешен претседател на споменатиот клуб и неговиот војко Луис Кармело Рома, менаџер на клубот Депортиво Перихике. Сите тројца се од градот Бени, кој претрпе најголеми последици од коронавирусот. Во Боливија се забележани 8.500 случаи на заразени со корона и 300 починати, а само градот Бени има 1.200 заразени и 77 починати луѓе.