Владата се задолжи со 160 милиони евра со цел да се надминат последиците од корона-кризата

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата се задолжи со 160 милиони евра со цел да се надминат последиците од корона-кризата

На денешната седница, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на земјава кај Европската Унија со цел справување со последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот за време на вонредна состојба.

Со инструментот на ЕУ за макро-финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од пандемијата, на Северна Македонија и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, информираат од владината прес-служба.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата