Утврдени протоколите за запишување во основни и средни училишта за следната учебна година

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утврдени протоколите за запишување во основни и средни училишта за следната учебна година

Владата на денешната 58-ма седница ги разгледа го усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта за наредната учебна година 2020/2021.

Покрај ова, усвоен е и Протоколот за постапување на средните училишта во државата за време на запишувањето на ученици во прва година, како и Протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците.

Како што информираат од владината-прес служба, во овој пакет посветен на образованието, усвоен е и Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата