Николоски: Граѓаните му се криви на Заев кога му се руши планот за избори по цена на човечки животи

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Граѓаните му се криви на Заев кога му се руши планот за избори по цена на човечки животи

Кога му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи виновен е Чулев, виновни се граѓаните, ама во суштина Заев е виновен и тоа е ова што го гледаме, тој е шеф на партијата која ја води државата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата 360 степени на Алсат М телевизија.

„Сите им се криви освен самите тие. Крив е Чулев, ВМРО-ДПМНЕ, народот и тоа најмногу погодува што го обвинуваат нардот, денеска гледаме организиран напад против народото и од Филипе и од други од СДСМ, што е недозволиво бегање од одговорност. Во однос на МВР интересно е како на 7 мај Заев кажал дека во период кога се справуваме со сериозна закана од глобална пандемија полицајците беа во првите редови во борба против корона вирусот, македонските полицајци покажаа висок степен на подготвеност, професионалност и пожртвуваност во заштита на јавниот ред и мир, посветено во спроведување на мерките, а денеска друго кажува“ истакна Николоски

Тој посочи дека  МВР спроведува мерки кои ги носи владата, и е нечесно да се ставаат на тема преку 10.000 луѓе кои работат во МВР, каде СДСМ има дополнителен министер и директор на БЈБ.

„СДСМ сака да го скрие тоа што сите го знаат, а тоа е  дека во МВР има споделена одгвороност во МВР постои дополнителен министер без кој не може ништо да се направи и директорот на БЈБ, да објасниме се што гледаат граѓаните како полиција е, е кадар на СДСМ. Не може да се амнестираат, секаде има врзан потпис. Она што е суштински е бегањето од одговорност на Заев, СДСМ и Филипче затоа што сакаат да ја префрлат одговорноста кај луѓето или политичкиот опонент.“ потенцираше Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Филипче цел месец се фалеше дека сме го победиле вирусот за денес народот да му биде крив, и затоа пи арот им се удира од глава.

“Филипче денес го обвинуваше народот, ама затоа на 2 мај кажал дека ја добивме битката и не го оптеретивме здравствениот систем, а на 22 мај кога им се брзаше за избори Филипче рече дека изборите би биле безбедни ако се почитуваат мерките и истите можат да се одржат, на 26 мај пак рече дека битката е добиена а денес тврди дека народот е крив, затоа што им се удри се од глава што правеа како пропаганда.“, заклучи Николоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата