Николоски: ТОТАЛНО ФИЈАСКО НА ВЛАСТА во справување со коронавирусот, за три дена 115 нови случаи

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: ТОТАЛНО ФИЈАСКО НА ВЛАСТА во справување со коронавирусот, за три дена 115 нови случаи

Се случи тотално фијаско на власта во справување со коронавирусот, за три дена имаме вкупно 115 нови случаи, и ако споредиме со 18 март кога се прогласи вонредна состојба гледаме дека бројките растат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата 360 степени на Алсат.

Николоски додаде дека треба да биде продолжена вонредната состојба,  затоа што ова што го гледам не само денес, туку и вчера и завчера се алармантни бројки, вчера имавме 38 нови случаи, завчера имавме 25, денеска имаме 52, значи за  три дена вкупно 115 нови случаи и ако споредиме со регионот сме апсолутни рекордери .

„Кога ќе споредиме со регионот се јасни бројките, Словенија од 21 мај до денес има само 5 случаи, Хрватска од 24 мај до денес имаат само 2, број на починати во хрватска на 1 милион жители е 25, Словенија 52, за жал во Македонија 60. Апсолутен рекордер е Македонија  и по број на новозаболени и по број на тие што ја загубија битката со вирусот, а по дното на број на тестирања.“ истакна Николоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време апелираше да се тестира но наиде на игнорантски однос од власта и затоа сега има фијаско за кое сите и се криви на власта освен самите тие.

„Ние цело време апелиравме дека мора да се зголеми бројот на тестирања. За жал не се тестира доволно, резултатите ги гледаме, бројките не можат да се скријат. Ако се тестираше многу  овие бројки немаше да стигнат затоа што ќе се лоцираа многу побрзо жариштата и ќе се интервенираше. Сите им се криви освен самите тие. Крив е Чулев, ВМРО-ДПМНЕ, народот и тоа најмногу погодува шшто го обвинуваат нардот, денеска гледаме организиран напад против народото и од Филипче и од други од СДСМ, што е недозволиво бегање од одговорност“ заклучи Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата