(Видео) Вучиќ во предизборен спот: Ќе ги вратиме српските татковци од странство, за да печалат покрај своите семејства

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Вучиќ во предизборен спот: Ќе ги вратиме српските татковци од странство, за да печалат покрај своите семејства

Претседателот на Србија и лидер на партијата СНС, Александар Вучиќ, објави ново предизборно видео на својот профил на Инстаграм.

Во него Вучиќ нагласува – „Ќе продолжиме да градиме за нашите деца“.

Во видеото, тој разговара со мало девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Александар Вучић (@avucic) on

„Што би сакала да направиш сега?“, прашува Вушиќ, на што таа одговара „пат“, додека тие си играат со коцки.

Вучиќ објаснува дека луѓето прават патишта за да имаат поголеми шанси и повеќе можности за работа.

Девојчето посочува уште една важна предност на патот: „Така може да се оди кај баба и дедо“.

Девојчето посакува и повеќе училишта и градинки, а Вучиќ вели дека ќе го направи тоа и додава дека има идеја како да го врати нејзиниот татко и сите други татковци кои работат во странство, назад во Србија, на што девојчето вели: „Тоа го сакам најмногу на светот“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата