Пановски: Ако власта тврди дека заразата е под контрола, нивна е одговорноста кога таа ќе излезе од контрола

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пановски: Ако власта тврди дека заразата е под контрола, нивна е одговорноста кога таа ќе излезе од контрола

Дали пандемијата навистина стивнува, или олабавувањето на мерките ќе биде ново „масло“ на огнот, д-р Никола Пановски вечерва изјави на Канал 5 телевизија дека ако властите тврдат дека заразата е под контрола, нивна ќе биде одговорноста кога таа ќе излезе од контрола.

-Мислам дека не требаше воопшто да се олабават мерките. Особено во општините каде што има толкав број на активни заболени. Воопшто да не се преземаат мерки, а ситуацијата да биде иста нема логично објаснување. Откога почна да се зборува за избори, почна да се тркала топката и страдаше науката очиглено кај нас нема доволно силни професионалци. Трагично е да одлуките се носат на таков начин. Оставаат на совеста на граѓаните, во услови кога гледаат дека совеста на дел од граѓаните е несериозна. Еве јас имам контакт со полиција во Сарај и тие кажуваат дека немало луѓе по улиците, истото тоа го забранија и на Водно и сега кога имаме дупло повеќе случаи ги пуштија автобусите и ги отворија кафичите. Значи се работи за истата комисија, која одлучува различно во краток временски период. Логиката кажува дека новозаболените во државата се 52 тоа е исто како нови 3500 во Италија или 8000 во  САД. Значи ние сме повеќе и од Италија и од Америка, дециден е Пановски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата