Пендаровски му се заблагодари на папата за храброста која им ја влева на луѓето во борбата против коронавирусот

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски му се заблагодари на папата за храброста која им ја влева на луѓето во борбата против коронавирусот

Претседателот, Стево Пендаровски,оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Од неговиот Кабинет, информираат дека претседателот Пендаровски во разговорот изразил жалење што поради пандемијата на Ковид-19 не се реализирала неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не била остварена планираната меѓусебна средба

„Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светиот Престол, кои се пријателски и се базираат врз значајни историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции“, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

Двајцата соговорници размениле и информации за актуелната состојба поврзана со пандемијата на Ковид-19.

Пендаровски притоа оддал признание за улогата на папата Франциск во охрабрување на луѓето и нациите и поттикнувањето на солидарноста како клучен елемент за заедничка борба против пандемијата и последиците од неа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата