Мото ГП шампионатот доживеа нов удар бидејќи официјално беа откажани трките за Големата награда на Британија и на Австралија кои требаше да се возат на „Силверстон“ односно „Филип ајленд“.

Светската автомобилска индустрија со жалење објавува дека пандемијата на коронавирусот доведе до промена во календарот на натпреварување и дека имаме обврска да ги откажеме овие две трки“, се наведува во соопштението.

Трката во Обединетото Кралство требаше да се вози од 28. до 30. август и првпат после 70 години трка од Мото ГП шампионатот нема да се вози на Островот. Во Австралија трката требаше да се одржи од 23. до 25. октомври.

Разочарани се и во „Дорна“, а првиот човек на таа организација Кармело Еспелета изјави:

Тажни сме што моравме да донесеме таква одлука и да откажеме две големи трки. Не успеавме да најдеме начин логистички се да изведеме како што треба и овие трки да бидат вклучени во изменетиот календар“, вели Еспелета.