Заев и Борисов ќе ја обноват спомен-плочата која ја искрши Миленко Неделковски

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Бориосв на Самит во Софија се договорија да ја возобноват спомен-плочата на Кајмакчалан која во 2016-та ја искрши контроверзниот пропагандист Миленко Неделковски.

Плочата на македонска територија е оставена во спомен на загинатите стотици бугарски офицери и војници во битката во 1916 година на Кајмакчалан за време на Првата светска војна, соопштил уште премиерот Заев.

Република Македонија, според БТА, ќе го обнови и споменикот на полковникот Константин Каварналиев, што бил урнат во 1966 година во акција за уништување на бугарски воени споменици во Југославија.

- Заедно со Бојко Борисов одбележуваме празници и важни датуми, рекол Заев а како примери ги наведе чествувањата на 24 мај и на Илинден.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари