Заев: Груевски прифатил Горна и Северна Македонија ерга омнес во 2012 година (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Само вистина" на Канал 5, рече дека во преговорите 2012-2013 година, Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ, прифатиле Горна и Северна Македонија за севкупна употреба.
„Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. ВИДЕО

Никола Груевски прифати Северна и Горна Македонија во 2012 и 2013 година, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати идентитетот и јазикот, тоа било оставено да лебди. Грција не го прифати ова решение зашто беше испровоцирана со Скопје 2014. Ова го има во разговорите и првпат го кажувам"- рече Заев.
Тој рече дека кога ја објавувал „бомбата" за преговорите за името овој дел не го објавил за да не наштети на преговарачката позиција на Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари