Македонците се добредојдени мигранти во Европа

За три години од Македонија се иселиле 60.000, најмногу се иселуваат Албанците

Скоро 60 000 Македонци емигрирале трајно во ЕУ за четири години од 2010 година до 2013 година во однос на вкупно два милиони население во земјата, покажуваат податоците на Евростат, цитирани од Balkan Insight.

Нивниот број изнесува колку популацијата на петтиот најголем град во земјата - Тетово. Вкупно 58 713 Македонци добиле дозвола за престој или државјанство во држави од ЕУ. Според статистиката во Македонија во која можат да се најдат и попрецизни податоци најголем степен на економска миграција меѓу иселениците имаат етничките Албанци.

Мнозинството од нив заминале во Италија, а главните причини за добивање на дозвола за престој се семејни и едукативни.

„Вистинскиот број на луѓе кои емигрираат кон ЕУ може да е многу повисок, бидејќи нема податоци за Македонците, кои се упатуваат кон други земји со бугарски пасоши, често добиени од посредници", забележува медиумот.

„Бугарија одамна тврди дека Македонците се најбројни меѓу странците за поднесување на молби за бугарско државјанство", продолжува во текстот. Населението на земјата е 2,1 милиони според последниот попис од 2002 година, а истата бројка од 2,076 милиони жители е потврдена и за 2017 година од страна на Еуростат.

Поранешниот директор на Националната служба за статистика Дончо Герасимовски коментира дека институциите откриваат само мал број од емигрантите - оние кои официјално прогласуваат дека одат да живеат во странство.

„Иако традиционално сме народ со висок процент на емигранти, во последните неколку години младите луѓе, кои си замнуваат од економски и социјални причини, стануваат се повеќе", забележува Balkan Insight.

Поврзани

Најнови вести

Коментари