За Македонците поевтин, за Косоварите поскап бугарски пасош

Македонци за бугарско државјанство плаќале до 1.000, а косовските граѓани по 3.000 евра.

Повеќе од 100 посредници работеле со „кандидати за Бугари" и помагале во собирањето документи и на обезбедување адреса.

Неколку илјади странци станале бугарски државјани без основа.

Ова го открива БТВ во рамките на скандалот со издавање на документ забугарско „потекло" на лица кои немаат врска соБугарија и поради ки се уапсени 20 лица.

Во Државната агенција за Бугарите во странство ( ДАБЧ) била практика на т..н. „експресна нарачака"за странци, а со таа предност во измамата ќерувале муслимани.

Така, лица од Косово можеле да добијат бугарски документ за износ од 3000 до 5000 евра.

Лице кое ги знаело шемите за БТВ зборува за Корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство, поради која беше уапсен шефот на Агенцијата за Бугари во странство и уште 19 лица.

Најлесен начин да се стане Бугарин било да се отвори фирма и да назначат 10 вработени, вели неиенуваниот извор за БТВ. Врз основа на оваа комерцијална активност, тој добивал статус на постојан престој.

Вториот начин е кога лице, странски државјанин – од земја надвор од ЕУ, си вади сертификат за присуство на трговско претставништво во Бугарија.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари