За Ахмети закон не важи никаде, па ни на улица

Претседателот на ДУИ Али Ахмети помина на црвено светло на семафорот кај мостот што се реновира кај Стража, според снимката што ја објави СДК.мк. Снимката е направена околу 8 часот наутро во понеделникот, 23 јули, пред лидерската средба во Клубот на пратеници во Скопје која почна во 9 часот.

Од ДУИ потврдиле дека видеото е автентично и дека во возилото се превезувал Ахмети на пат кон лидерската средба, но велат дека во ниту еден момент не била загрозена безбедноста на возачите од спротивната страна, бидејќи полицијата била информирана за движењето на Ахмети и тие биле сопрени.

Од партијата на Ахмети велат дека нивниот лидер постојано патува од неговото живеалиште во Зајас до Скопје и никогаш не чека на семафорите на потегот од Стража до Гостивар од безбедносни причини, со оглед на тоа што во минатото имало неколку обиди за атентат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари