Возило удри 15-годишно момче во Штип

Вчера на улицата „Гоце Делчев“ во Штип, возач на патничко моторно возило „фолксваген поло“ удрил во пешак на возраст од 15 години од селото Радање, јави Министерството за внатрешни работи.

Пешакот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

На местот на несреќата направен е увид и се работи на расчистување на случајот, додаде полицијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари