Во Радовиш откриен споменик за загинатите бранители во конфликтот во 2001

Во Радовиш денеска беше откриен споменик во чест на полициските службеници од овој град Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев кои загинаа во конфликтот во 2001 година.

„Ова што го имаме им го должиме на нашите херои кои со своето највеличествено дело и залог, сопствениот живот, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. И затоа денеска, кога овде во Радовиш ги споменуваме имињата на Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев, свесни сме за долгот што ни е оставен, за благородната, човечка и доблесна обврска да водиме грижа и да не заборавиме – никогаш, за нив и за нивната жртва“, рече министерот Оливер Спасовски.

Споменикот е поставен пред Полициската станица.

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, во своето обраќање потенцира дека градот Радовиш секогаш ќе им оддава почит на хероите за нивната храброст, тројцата млади луѓе кои животот го дадоа служејќи и на својата татковина.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари