ВМРО-ДПМНЕ обвини дека партнерот на Царовска добивал милионски тендери, тој демантира дека биле во четири очи (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не го пријавила сиот имот како и дека нејзиниот невенчан сопруг повеќе пати досега добил милионски тендери.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, крие дел од имотот, според фактите кои ги обелоденуваат медиумите. Царовска, како што е објавено, живее заедно со нејзиниот невенчан сопруг Горан Георгиев, а во својот анкетен лист го нема пријавено неговиот имот. Во анкетниот лист на Царовска е наведен нејзиниот личен имот и имотот на нејзините родители, имотот на нејзиниот брат, меѓутоа го нема и имотот на нејзиниот невенчан сопруг, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Законот за семејство, заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница. Според информациите Царовска е во вонбрачна заедница со Георгиев, со кого има и дете, заедница која според македонските закони е рамна на брачната заедница кога се работи за имот и други права стекнати заеднички.

Невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1.5 милиони денари на име набавка на дронови. Дали милионските тендери се причината поради која Царовска не го пријавува имотот на нејзиниот невенчан сопруг? Дали преку невенчаниот сопруг на Царовска се прекршува законот за да се добиваат државни пари во четири очи без распишани тендери? Дали на тие сметки се таложат парите кои јавноста не треба да ги гледа, а ги плаќа од свој џеб? Според чл. 81 од Законот за сопственост и други стварни права имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот. Царовска во спротивност со законот не го прибележала имотот на нејзиниот вонбрачен другар, па дури ни тој кој како што објавуваат медиумите е стекнат додека се во заедница.

На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ реагира фирмата на Георгиев, која ги добивала тендерите.

Компанијата Флај кем Дооел Скопје, најостро ги демантира лагите и клеветите за наводно склучување на договори во четири очи од страна на нашата компанија со држави институции. Нашата компанија учествуваше на споменати јавни набавки од страна на ВМРО-ДПМНЕ и објавени во некои портали според сите законски прописи.

На секоја од трите наведени јавни набавки кои се посочуваат, нашата компанијата уредно учествуваше на електронска аукција согласно законот. Лагата е дотолку поголема ако се земем предвид фактот дека на секоја од трите електронски аукции учествуваа по повеќе компании. За ова тврдење во прилог на овој демант ги доставуваме официјланите документи од електронските аукции. Истите може да се проверат со секоја од институциите поединечно.

Флај кем ги достави до медиумите овие документи на увид:

Аукцијата е завршена Општина Куманово

Аукцијата е завршена МЕПСО

Поврзани

Најнови вести

Коментари