ВМРО-ДПМНЕ најави: Голем народен протест на 2 јуни

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Централниот комитет одлучи датумот за големиот народен протест да биде 2 јуни пред Владата на Република Македонија. 

„Вчера на седницата на Извршниот Комитет и денеска на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми кои што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет.

На прашањето зошто се доцни, зошто наместо во мај за кога првично се најавуваше протестот, ќе биде во јуни, Мицкоски вели дека имале сериозна дискусија во партијата околу термините и дека ги антициирале сите можни датуми во месец мај. 

Прашање: Ги најавувате во мај, зошто доцните со еден месец, според вашите најави од претходно?

„Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на реорганизација и реструктуирање, повеќе од 40 Општински комитети имаа нова или е потврдена старата структура во Општински комитет на ниво на претседател и членови на Општинскиот комитет. Како можен датум го разгледувавме 26 или 27 мај, но имајќи предвид дека тој е споен викенд, бидејќи 24 е државен празник, имајќи предвид дека е Задушница, сакавме да ја започнеме нашата кампања, односно да го започнеме поразот на оваа ненародна влада на еден чист ден и затоа го поместивме за еден викенд понатаму и одлучивме тоа да биде 2-ри јуни. Иако сме ние математички прецизни секогаш, понекогаш ни се случува да направиме ваква незначителна грешка“, појаснува Мицкоски. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари