ВМРО ДПМНЕ ги повлече пратениците од Собранието, имаат сознанија за ПОТКУП И УЦЕНИ

ВМРО – ДПМНЕ ќе го преиспита институционалното дејствување, бидејќи, како што дознава Телма, имале информации за закани и уцени кон нивни пратеници, како нудење пари и ослободувањ на кривичен прогон.

Кој, како и на кого се заканувал не откриваат.

Претпладнево во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ претседателот Христијан Мицкоски ги повикал сите пратеници на седница на Извршниот комитет на партијата и состанок со пратеничката група.

Од партијата велат дека во текот на денот тие ќе одржуваат постојани состаноци на кои ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари