Влада: Нема опасност од пожар по поплавата во зградата на МРТВ

Нема опасност од пожар по поплавата што се случи утринава во зградата на МРТВ, поточно во просториите кои ги користи Министерството за внатрешни работи, соопштија од Владата.

„Службата за општи и заеднички работи во целост ја санираше состојбата со поплавените простории во Македонската радио телевизија. Освен исцрпување на водата од просториите и лифтовите, поради претпазливост, во објектот на МРТВ била исклучена и струјата, а биле поставени и вреќи со песок, за да се спречи водата да навлезе во останатиот дел од објектот“, соопштија од таму.

Просториите на вториот кат биле поплавени утринава, поради пукање на хидрант.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари