(Видео) Јанушев: „Талир“ е уште еден обид за груб политички притисок во пресрет на уставните измени

Фабрикуваното обвинение за случајот „Талир“ кое според информациите во медиумите е прифатено од Кривичниот суд е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот, изјави генереалниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Изјавата на Јанушев следува откако судот денеска го одобри обвинението за случајот „Талир“ во кој поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

„СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена не се прифатливи.

Случајот „Талир“ е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци.

Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси.

Случајот „Талир“ е директен доказ дека СЈО и Кацарска судството се само неми извршители на наредбите на Заев и СДСМ кои имаат за цел да ја зацрнат и уништат државата“, изјави Јанушев.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари