(Видео) Јакимовски: Не со СЈО, со стрелачки вод да дојдете, ГРОМ нема да го гласа срамниот договор со Грција

,,Не со СЈО, со стрелачки вод да дојдете, ГРОМ нема да го гласа овој срамен договор кој сте го потпишале со Грција. Да им честитам на пратениците за досегашната истрајност и да ги повикам да издржат. Пораката која што ја пративме на 30 септември, е посилна порака дури и од Илинден 1903 година. Покажавме дека сме народ, покажавме дека сме нација и покажавме дека неправедно се обидувале да не помножат со нула на сите претходни договори. Ако на ова истраеме до крај, јасно покажуваме ова признание денеска го добиваме од секаде во светот”, изјави лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во врска со истрагата која ја отвори СЈО против него.

Тој од пред седиштето на СЈО порача дека ,,на ваквата париско – полициска-обвинителска конструкција и во забавиште не можат да им веруваат”.

,,Јасно е дека со ова се прави уште еден неуспешен обид за пресметка со мене. Очигледно е дека пресметките со мене ги чинат многу скапо, а тоа се покажа на 30 септември. Очигледно дека се обидуваат на ваков начин на сите оние кои не сакаат да гласаат за срамниот договор со Грција, да им покажат како ќе завршат доколку не бидат послушни и доколку не го гласаат срамниот договор. Сакам да им порачам на СДС и на Заев, нема да не скршат. Немој да мисли дека ќе бидам политички мртов, напротив, ќе видиме на овие избори кој потоа ќе биде политички мртов. И нека не кажуват трикови дека имал кратки рокови за да се распише пржинска влада, 100 дена ќе дадат за пржинска влада да ги утврдиме нивните криминали, да ги прашаме што правеле во здравство, како ги набавиле ,,пасатите” во заеднички служби во Влада, да ги прашаме како ги набавуваа возилата од МВР се од иста фирма…Како делеа пари од Фондот за иновации, да го прашаме ова СЈО, овие обвинители кого се од своите фамилии вработија. Ќе отвориме многу прашања и во тие 100 дена ќе видите како ќе ги ископаме како компири од под земја.Арам да му е на ова обвинителство”,рече Јакимовски.

СЈО вчера информираше дека е отворена истрага „Хармонија“, поради основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски – претседател на Владата, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски – градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, како соизвршители, за Приватен меѓународен балкански универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари