(Видео) Арсовски:Молкот кај Шекеринска и нервозата кај Шапуриќ покажуваат дека се фатени живи

Молкот кај Шекеринска и нервозата и нетрпението кај Шапуриќ покажуваат дека се фатени живи како си префрлаат народни пари меѓусебе, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Господине Шапуриќ, ние ја разбираме вашата нервоза. Скандалот кој што излезе Ви ги помати пресметките за вашиот буџет и нас навистина ни е жал за тоа. Но, како министер кому работа му е да работи за подобрување на климата за домашните инвестиции, Вие никако не смеете да работите за подобрување на климата на буџетот на вашата невладина од која документите велат дека сте дел, а вие негирате.Кој ли лаже? Официјалните документи или Вие?Зоран Шапуриќ пред да се закануваш со тужби треба да одговорите сите инволвирани во скандалот на неколку прашања”, рече Арсовски и додаде:

,,Пред да се закануваш со тужби кон медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, зошто не ја тужиш невладината „Мултикултура“ која наводно како што викаш го злоупотребила твоето име?

Господине Шапуриќ уште едно прашање треба да одговорите. Во демантот велите, цитирам: „Преку соопштение јавно укажав дека немам никакво влијание ниту интерес од активностите на доделување на финансиски средства од Министерството за култура, некои новинари и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврдат спротивното”. Дали сакате јавно и транспарентно да ни укажете дека вашата невладина „Мултикултура“ добила средства и од министерството за култура? Дали постои друг професор доктор на „Американ Колеџ“, Зоран Шапуриќ во Република Македонија или вие сте единствениот со ова име и презиме и оваа титула?”, запраша тој.

Арсовски бара и Шекеринска да одговори дали има донесено годишна програма за финансирање на невладини организации во министерството, како што налага законот за невладини организации, а НВО „Мултикултура“ да одговори, како се најде името на проф. Др. Зоран Шапуриќ на нивниот сајт и под чиј притисок се тргна од сајтот и документите на „Мултикултура“?

,,Фатени сте живи и нема перење од овој скандал. Доблесно, морално, етички, транспарентно, човечки е да признаете и да си сносите одговорност. Најпрвин политичка одговорност, да си поднесете оставки, а потоа и правна. Јавното обвинителство на волку повикувања од целата јавност па и од самиот инволвиран во скандалот Шапуриќ, треба уште веднаш да поведе постапка и да истера до крај. Граѓаните чекаат одговори, но граѓаните чекаат и одговорност.На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат!”, рече Арсовски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари