Велешанец повреден на патот Градско – Прилеп

Велешанец е повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 15 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп.

Во сообраќајката учествувале  возило „пежо“ со француски национални ознаки, управувано од А.Б.(25) oд Франција и  „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.И.(41) од с.Бузалково, Велешко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген голф“, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари