ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Еве какво време не очекува

Под влијание на влажен бран во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

В недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег.

На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари