Утринава најстудено на Попова Шапка и Берово, во Маврово највисока снежна покривка

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини претпладне со слаба магла, информираат синоптичарите. ОД УХМР велат ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од минус 2 до 6 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде облачно со слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

И утре времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, повеќе застапени во западните и северните делови. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринава до седум часот најмногу снег снег, како што инфомираат од УХМР има во Маврово, Пожаране, Лазарополе и Попова Шапка.

Снежната покривка во Маврово изнесува 87 сантиметри, 49 во Пожаране, 48 во Лазарополе, 47 на Попова Шапка, 44 сантиметри снег има во Дебар, 43 во Крушево, 38 во Тетово и Охрид, 33 во Тополчани, 32 во Битола, 27 сантиметри во Ѓуриште, 23 во Претор, 14 во Скопје-З.Рид, Прилеп, 11 во Куманово, 10 во Струмица и Штип, 9 во Крива Паланка и Берово, 8 сантиметри се измерени во Демир Капија, 7 во Скопје Петровец, Виница и Гевгелија.

Најстудено утинава било на Попова Шапка каде се измерени минус 15 степени, минус 13 во Берово, минус 10 во Штип и Крушево, -9 во Маврово, Лазарополе и Струмица, -8 во Крива Паланка, -7 во Охрид и Демир Капија, минус 6 во Пожаране, Тополчани, Битола, Ѓуриште, Виница и Дебар, минус 5 во Тетово, Прилеп и Скопје-Петровец, -4 во Претор, Скопје-З.Рид и Куманово, минус 2 во Дојран, и нула степени се измерени во Гевгелија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари