Укината забраната за камиони на патот Струга-Ќафасан

Во 07.45 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари