Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс за нов амбасадор на САД во Македонија

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс за иден амбасадор на САД во Република Македонија. Веста за нејзиното номинирање на социјалната мрежа „Твитер“, ја сподели и актуелниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли.

Бирнс во моментов е заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција. Претходно, таа била заменик-шеф на мисијата и заменик постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена, а има работенно и  во американската амбасада во Мадрид, додека подоцна била и на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари