Тони Михајловски за обвинението: Животот е тркало – час си горе, час долу

Животот е тркало – час си горе, час долу, напиша актерот Тони Михајсловски, по обвинението против него за закани преку социјални мрежи упатени кон новинарот Бранко Тричковски.

„Ко што рече Ѓеро на насловна ‘Премиерно ќе го крка Тони Шанац’. Но, животот е тркало. Час си горе, час долу.
Тоа што ме има во вашите црни тефтери за отстрел, што ги спомнуваше великиот режисер, само ми е доказ дека треба продолжам како и до сега“, напиша Михајловски на „Фејсбук“.

Скопското обвинителство денеска покрена обвинение против Михајловски за статус објавен на 16 јуни минатата година.

„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, соопштија од Обвинителството.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари