Судири на демонстрантите и полицијата пред Собрание (ВИДЕО + ФОТО)

Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Демонстраните ја пробија заштитната ограда и тргнаа кон зградата на Собранието, при што реагираше полицијата и има судири.

 

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври" пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон.

Тие укажуваат дека граѓаните се тие кои одлучуваат за својата и иднинатата на државата.

Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името" и пејат патриотски песни.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден.

Поврзани

Најнови вести

Коментари