СМС пораки во „Титаник“: Црквите од дијаспората му помагале на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011

Од СМС пораките кои денеска се репродуцираат во судот на рочиштето за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности може да се се забележи како високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ ги ставаат во служба на партијата црквите на МПЦ од дијаспората и амбасадите, за изборите од 2011 година.

„Ова го тераме. Бројката за пријавени за гласање во дијаспората е катастрофа. Времето е кратко, се што треба да направиме е да ги земеме адресите од иселениците од амбасадата или црквата“, стои во СМС кореспонденција направена на 27. април 2011 во 18 часот и 55 минути меѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер.

„Веќе го организирам ова, вклучив повеќе луѓе, барам паралелни списоци од МНР, МВР и цркви“, стои во продолжение на разговорот.

Според СМС пораките кои ги презентира Специјалното јавно обвинителство, за гласачите од дијаспората лично се погрижил и тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски кој од Њу Џерси, САД директно го известува Јанакиески за преземените мерки.

„Бев со иселениците во Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси, поделивме околку 800 барања за гласачи. Конзулатот ќе работи и викендов, се очекува да има повеќе пријави“, му пишува Милошоски на Јанакиески.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари