Лидер објавува

Скандал: Шекеринска доделила 500.000 на невладина во која членува

Министеството за одбрана доделило грант на невладината организација „Евроатлански совет на Македонија" во која членува токму министерката Радмила Шекеринска.

Парите се доделени за извесна „Школа за НАТО". Но, симптоматично е тоа што доколку се отвори веб страницата на невладината, ќе се види дека во неа членува токму Шекеринска која е избрана и дел од клубот на подржувачи, пишува Лидер.

Невладината организација грантот од 500.000 денари го добила од министерството за одбрана.

Дополнително симптоматично е што оваа невладина ја води владин функционер, претседател е Исмет Рамадани, кој е советник на премиерот Заев а минатата недела се закануваше дека албанците ќе почнат војна доколку не се смени името.

– Албанците ќе бидат коректни во целиот процес, но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ, може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси, изјави Исмет Рамадани за емисијата Отворено на Алфа ТВ со Искра Коровешовска.

Рамадани бараше тие што се против договорот и референдумот да кажат што ќе се случува ако тие не поминат и очекува никој да не се игра со емоциите на граѓаните.

Уште еден скандал поврзан со доделувањето на средства од Министерството за одбрана, се и 400 000 денари доделени на Институтот за европски политики – ЕПИ, кадешто директорка е Симонида Кацарска. Симонида Кацарска е добро познато име на јавноста, бидејќи таа е ќерка на Димитар Кацарски, кој за време на владеењето на СДСМ во Собранието на Република Македонија е именуван за заменик на јавниот обвинител на Република Македонија. Денешната директорка на Институтот за европски политики своевремено беше вработена во Секторот за евроинтеграции, токму во времето додека Радмила Шеќеринска раководеше со оваа институција.

Извор: Лидер

Поврзани

Најнови вести

Коментари