Шилегов за Мечкин Камен: Шака јад околу Иванов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на неговиот ФБ профил се изјасни за денешното чествување на Илинден на Мечкин Камен. Прочитајте го во целост.

"Се надевам дека Иванов ги слушна "повиците" на неговите следбеници денес на Мечкин Камен.

Ако е таква "неговата" Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам.

Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија.

На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа "шака јад" околу Вас.

А ние ?

Ние "ладно" ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина.

Збогум "заобиколен", напиша Петре Шилегов, градоначалник на Скопје од СДСМ

 

 

Извор: ФБ профил на Петре Шилегов

Поврзани

Најнови вести

Коментари