Села:Нема да кренеме раце од нашето барање за дефинирање на албанскиот јазик

Зијадин Села по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека е постигнат договор пратениците од оваа партија да гласаат за уставните измени. На инсистирање на Алијансата, во преамбулата на Уставот ќе се отстрани подвојувањето на граѓаните.

,,Средбата беше во духот на договор и компромис. Зборувавме околу барањата кои ги има Алијансата на Албанците. Со задоволство можам да тврдам денеска и се надевам дека така ќе биде и наредните денови и со гласањето во Собранието, дека нема да имаме две категории на граѓаните, како што беше досега. Значи, не „граѓани, како и другите“, туку ќе има само граѓани и ќе продолжува со македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ и т.н. Ова го кажувам со задоволство дека како партија дадовме придонес сите граѓани да бидат попретставени и повеќе да се чувствуваат рамноправни со сите други граѓани. Стоиме на ставот дека Македонија треба да биде членка на НАТО и ЕУ. Од друга страна, има и работи за кои во принцип се согласуваме, но треба да се бараат начини како тоа да се изведе. Ние како Алијанса на Албанците нема да кренеме раце од нашето барање за албанскиот јазик да биде дефиниран како албански јазик, а не како „друг јазик“. За ова уште не сме постигнале договор и компромис”, рече Села.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари